Овој млад научник е гордоста на Србија – откри тројански коњ кој го убива ракот

Младиот научник Видак Раичевиќ се занимава со истражувања поврзани со лекувањето на ракот. Тројанскиот коњ од неговата лабораторија би требало да ги збуни клетките на ракот, а еден ден тоа би можело да биде лек, пишува српскиот портал Блиц.

За да разбереме за што станува збор, младиот научник ги споредува хормоните со пијано, тие практично притискаат повеќе копчиња и предизвикуваат повеќе различни реакции во телото. Исто така, постојат некои форми на рак, вели тој, кои се зависни од хормони.

„Стратегијата на која работев е дизајнирање тројански коњ, модифицирање на молекула, користејќи органска хемија. Ја менувам структурата на молекулата преку хемиски реакции за да добијам молекула која на клетката ѝ се претставува како тој хормон кој ѝпомага на клетката да расте и да се дели, да го добие она што се нарекува тумор. Меѓутоа, ако ја промениме таа молекула, и ако дадеме нова форма, барем во некои делови, тоа е исто како древниот тројански коњ. Наместо да ѝ помогне да расте, клетката умира“, објаснува Раичевиќ за Спутник.

Advertisements

Овој млад човек беше најдобар студент на Универзитетот во Нови Сад со просек 10 и додека студираше имаше објавено четири научни трудови.

Тој остана во Србија, затоа што го почитува трудот и знаењето на луѓето кои му го пренеле, а своето знаење сака да го пренесе и на новите генерации. Знаењето го прави општеството и државата подобри, само така можеме да одиме напред.

„Тоа е неверојатно убаво искуство, да се работи со нашите најелитни средношколци, кои се најзаинтересирани за биологија и хемија. Добиваме врвни експерти, бидејќи кога некој се интересира за хемија од основно училиште, продолжува во средно училиште, сака да прави уште повеќе на факултет, преку конкуренција или волонтирање во лаборатории, добиваме луѓе кои се навистина голем потенцијал и многу е тажно кога ја напуштаат оваа земја“, изјави тој за Спутник.

Целиот напис може да го прочитате тука.