Тепачка се случила утринава во бугарското Народно собрание, јавуваат бугарските медиуми.
Во пленарната сала дошло до судир и физичка пресметка меѓу пратениците на Преродба и Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).
На еден од пратениците му го одрале образот, а на друг му биле скршени очилата во инцидентот.
Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир.
Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ.

