(ВИДЕО) Драматични снимки од гранатирана брана кај Херсон, украинските власти повикаа на итна евакуација

Во нападoт во областа Херсон ноќеска гранатирана е хидроцентралата Нова Каховка, а додека Украина ја обвинува Русија за нападот, надлежните органи ги повикуваат граѓаните веднаш да се евакуираат бидејќи нивото на водата продолжува да расте.

На десниот брег на реката Днепар во областа Херсон, 16.000 луѓе се наоѓале во критичната зона на поплавите. Досега делумно или целосно се поплавени микрообласта Тјагинка, Лавов, Одрадокамјанка, Иванивка, Микилска, Токаривка, Поњативка, Билозерка и Острив.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини „руските терористи“ за, како што рече, „уништувањето на браната Нова Каховка“.

Advertisements

„Уривањето на хидроелектричната брана Каховка е само потврда за целиот свет дека (Русите) мора да бидат протерани од секој агол на украинската земја. Не треба да се остават ниту еден метар, бидејќи секој метар го користат за терор. службите работат. Ги повикав Националниот совет за безбедност и одбраната“ – напиша тој на Твитер.

Руските власти, пак, обвинуваат дека украинско гранатирање е виновно за оштетувањето на браната Каховка.

„Нивото на водата е подигнато“, изјави градоначалникот на Нова Каховка, именуван од Москва, Владимир Леонтиев, а пренесуваат руските државни новински агенции.

Сепак, според него, засега нема потреба од евакуација на цивили.

Информациите обезбедени од двете страни засега немаат потврда од независни извори.

Украинскиот претседател Зеленски уште во октомври минатата година ја обвини Русија дека ја минирала браната и ја предупреди да не ја крева во воздух:

„Ако го сторат тоа, ќе има катастрофа“, рече тогаш Зеленски.