Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес, општина Градско.
Како што информира МВР, тој вчера околу 16,10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „црвена застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес.
„Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош“, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.