Вицепремиерот Битиќи уверува дека инфлацијата ќе се намали

Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, се бара системско решение за сите вработени во јавниот сектор, а цената на струјата не треба да се зголеми и Владата ќе стори се во таа насока. Ова се само некои од пораките што ги упати вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Во гостувањето на Македоската телевизија, Битиќи се осврна и на коридорите 8 и 10д.

„Фактите говорат дека од октомври кога го имавме пикот на инфлацијата од 19,8 отсто, трендот на намалување на инфлацијата, заради различните мерки, но и севкупните геополитички случувања, направија во последниот месец да се спушти на 11,3 отсто“, рече Битиќи додавајќи дека реален е оптимизмот брзо да има едноцифрена стапка на инфлација, бидејќи стапката на намалување кај нас е поголема од таа во еврозоната.

Advertisements

Според него, не може да се занемари фактот дека и во јавниот сектор платите во изминатите шест години се зголемени во различни сектори од 20 до 45 отсто што не се случувало наназад низ годините. Се бара, дополни, системско решение за сите вработени во јавниот сектор.