Ниту еднаш не се споменуваат Македонците во германската резолуција – Димитар Апасиев

Една од клучните вести минатата недела беше Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет, која беше изгласана во Бундестагот на СР Германија, согласно која оваа земја ги признава македонскиот јазик и идентитет.

Оваа вест, како што вели Левица, „во обид да го оправда велепредавството во најава на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше претставена како голем успех за државата, се со цел да се релативизира гневот од најавените уставни измени, кои согласно Софиската платформа ќе ја реализираат бугаризацијата на Македонија“.

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи укажа на тоа дека во резолуцијата, чиј текст е подолг од пет страници, ниту еднаш не се споменуваат Македонците!

Advertisements