Контроверзен руски бизнисмен по име Олег Викторович Бојко кој се наоѓа на листа на санкции на три држави, поради поддршката на руската влада која изврши инвазија врз Украина, има фирма за брзи кредити во Северна Македонија, објави Радио Слободна Европа.
Станува збор за лице кое е санкционирано во Украина, Канада и Австралија. Исто така и американското министерство за финансии го стави Бојко на таканаречениот „Список на Путин“, на кој се наоѓаат руски олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин.
Бојко поседува фирми за брзи кредити во над 30 земји низ светот, пишува Радио Слободна Европа.
Рускиот милијардер со италијанско државјанство, Олег Викторович Бојко, кој според Форбс тежи најмалку 1,2 милијарди долари во македонскиот Централен регистар отворил фирма за брзи кредити под името „Диџитал Фајнас Интернешнл“.