Бериша му прости на мажот што го раскрвари со тупаница и откри кој се крие зад него

Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша јавно му прости на својот напаѓач Герт Шеху, кој е во притвор откако со тупаница го удри на протест и како што објавивме претходно, му го раскрвари носот.

Според Бериша напаѓачот е „камиказа без експлозив” и вели дека зад овој напад се крие Еди Рама.

Бериша вели дека според неговите сигурни извори, тој не е ментално болен „за што нема никаков лекарски извештај” и праша:

Advertisements

„Како може ментално болен да добие банкарски кредит и да ја обнови возачката дозвола. Повеќе од сигурен сум дека тој е полициски агент и инфилтратор, рече Бериша.

Лидерот на опозициската партија зборуваше и за понатамошниот тек на протестите.

– Демократската револуција влегува во втората фаза. Досегашното успешно спроведено гласање во партијата, а се надевам и во недела, од тие повторени кругови, означува крунисување на еден процес, вистински фестивал на слободата. Не велам совршено. ПД излезе многукратно посилна. Сега нашата цел е, како што слободно гласавме внатре во партијата, да гласаат и Албанците. Како опозиција ќе продолжиме со револуција, протести, до граѓанска непослушност, рече тој.