Струшкиот огранок на Алијансата за Албанците ја поздрави одлуката на Стејт департментот на САД со која градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и членовите на неговото семејство се прогласени за „персона нон грата“ во САД.
„Со оваа Одлука на Државниот Департмент на САД, се потврдуваат како вистинити сите досегашни наши јавни претставки и реакции во континуитет на АА – Огранок во Струга, а кои се однесуваа на значителната корупција, мешање во судски постапки и други јавни постапки, проневерување на јавни средства, предизвикувајќи штета на довербата на јавноста во демократските државни институции и функционери, велат од Алијанса за Албанците – Струга.
„Како што треба да одговара и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко со неговата сега политичко-криминална група, која час поскоро треба да ја ослободи фотелјата, за Струга и стружаните да излезат од заложничката ситуација, и да работат напорно за својата иднина и нивните деца“, истакнуваат од Алијансата.
На Мерко му порачуваат да го остави личното его, да ја разбере одговорноста на моментот, да ја напушти функцијата и да ја ослободи Струга од обвиненија што не ги заслужува.
„Одлуката на Државниот Департамент на САД, отвора нова страница за политиката и општата ситуација во Општина Струга, со што Струга денеска и во иднина прва ќе биде пример во овој век и ќе потврди дека заврши ерата на силните, ерата на семоќните, а заврши и ерата на недопирливите и неказнетите, бидејќи сите еден ден ќе мора да дадат отчет пред органите на правдата, ако не пред институционалното судство – дефинитивно пред судот на народот“, ден што според Алијансата е многу блиску.
Огранокот на АА во Струга тргнувајќи од сериозноста на причините и високиот степен на кривичните дела за кое е донесено одлуката на Државниот департамент на САД, бара од надлежните органи да го вратат изгубеното достоинство на нивното работење, да отворат релевантен предмет и со наведените обвинувања да се постапи во судска постапка за да се донесе заслужената законска одлука.