Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ и неколку соработници се уапсени синоќа под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања за спомениците во проектот „Скопје 2014“ тежок 700 милиони евра.
МВР потврдува дека вчера вечер биле приведени петмина, а денеска се очекува да бидат изведени пред суд.
Финансиската полиција уште во времето поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, поради сомневања за криминал при изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.
Со кривичните дела осомничените го оштетиле државниот Буџет, надлежноста е на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.
Од МВР велат дека вчера „во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со кривични дека за перење пари и злоупотреба на службената положба. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“.
Денеска со почеток во 13 часот во Јавното обвинителство на РСМ (Кеј Димитар Влахов бб), ќе се одржи прес конференција во врска предметот во јавноста познат како „Проект „Скопје 2014““.