Седмооделенецот, кој на 3 мај го изврши масакрот во основното училиште „Рибникар“ во Белград, сведочи во процесот што се води против неговиот татко В.К., јавуваат српските медиуми.
Таткото се товари за кривичното дело – тешко дело против општата безбедност. Распитот се одвива на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, кадешто е сместен малолетникот по извршениот напад.
Порталот „Телеграф“, објави дека малолетникот ќе треба да одговори на следниве прашања:
„Дали татко му го малтретирал? Каков бил односот во семејството, помеѓу мајката, таткото и сестрата? Дали татко му го носел на стрелиште? Дали го учел да пука? Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?“.
За потсетување, обвинетиот В. К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.