Зошто Ковачевски го набавил Предатор и колку граѓани прислушува? – ВМРО-ДПМНЕ

Една недела обвинителството на СДС и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер Предатор кој има за цел прислушкување на граѓаните. Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер Предатор, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје. Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност. Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт. Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

И шефот на грчкото разузнавање, додава партијата, јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Макееонија.

Advertisements

„И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија? ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат? Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.