Жителите на кумановското село Слупчане и денеска ги спречија екипите на ЕВН да влезат во селото и да ги отстранат дефектите, предизвикани од самите жители, пишува СДК.
Од ЕВН велат дека нивните вработени се соочуваат со вербални и физички напади и сè додека не се создадат нормални услови за работа, тие нема да ги поправаат дефектите.
Жителите на Слупчане оштетиле трафостаница и ги оставиле без струја и соседните села, слично како и на почетокот на месецов.
Претходно, на почетокот на претходниот месец, селаните со денови ги блокираа влезовите на селото и не им дозволуваа на екипите на ЕВН да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа.
Жителите на Слупчане сега имаат редица барања од ЕВН, како, на пример, простување на долговите, нови приклучоци за беспари, потоа сметките да не можат да бидат повисоки од 3.000 денари без разлика на потрошената струја, ослободување на џамиите од плаќање, барања за кои од ЕВН велат дека не се законски.