Власта купува време – гласањето може да се одложи додека не се обезбедат 80 гласа за уставни измени

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека гласањето за уставните измени би можело да се одложи ако не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа.

„Чинот на гласање не е врзан со последниот ден. Тоа го предвидува и деловникот и праксата. Собранието одлучува ако го има потребното мнозинство“, рече Џафери.

Расправата на пленарна седница за уставни измени ќе почне на 18 август. Како што објасни Џафери, таа во принцип трае 10 работни дена.

Advertisements

Според претседателот на законодавниот дом, понатаму сѐ ќе зависи од моменталната состојба, односно дали ќе се обезбеди дво-третинското мнозиснтво.