Галијата кај „Холидеј Ин“ се запалила во внатрешноста, пожарот е изгаснат

Изгаснат е пожарот кој рано утринава изби на една од галиите во реката Вардар.

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во изјава за Телма вели дека огнот избил во внатрешноста, а потоа се проширил кон предниот дел од галијата.

На терен излегле три противпожарни возила и во моментов тој е изгаснат.

Advertisements

Станува збор за галијата „Среќа“ која е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со возила одат кон кејот за да интервенираат.

Станува збор за истата галија која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.