Левица бара итно да се разрешат министерот Шаќири и директорот за развој на образованието

Левица бара разрешување на министерот Јетон Шаќири и на директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасапи.

Левица потсетува дека, убедливо најлошиот министер од ДУИ, Јетон Шаќири, во неодамнешно интервју убедуваше дека ќе има учебници на 1 септември и тоа во иста реченица со изјава дека дел учебници само што ја поминале рецензентската комисија, а дел уште немаат поминато рецензентската комисија!

„Неодамна, Бирото за развој на образование на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се судираат и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници. Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа. За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван кадар. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за незадолжителни, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници!“, велат од партијата.

Advertisements

Според Левица, најмногу загрижува тоа што МОН молчи, односно не се произнесува, а до училиштата нема доставено каков било официјален документ, додека Бирото за развој на образование упатува насоки, кои се спротивни на важечките законски одредби.