(ВИДЕО) Ковачки објави вознемирувачка снимка- полициски командир пука од балкон со калашников, може да убие некого!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки објави видео на кое се гледа човек како пука со калашников од балконот. Ковачки вели дека лицето било командир во полициска станица.

„Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил“ напиша Ковачки во описот на видеото поставено на социјалната мрежа Твитер.