Професорката Мирјана Најчевска вели дека македонските политичари на средбите со странските дипломати наместо да ги претставуваат потребите и барањата на граѓаните, тие ја цинкарат опозицијата.
Таа вели дека тие не ги презентираат проблемите кои ги имаме.
„Не гледам Ковачевски, Маричиќ и Османи на било која од средбите кои ги имаат со претставници на други држави да ги претставуваат потребите и барањата и загрижите на граѓаните кои ги претставуваат. Тие само се согласуваат со сè што ќе кажат соговорниците и ја цинкарат опозицијата. Имам впечаток дека странските државници веќе не се однесуваат кон нив како кон нерамноправен партнер туку како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата од дресурата. Седи, лежи, моли, дај шепа, … Се разбира ова е за пред публика“, пишува Најчевска.