Скопското обвинителство и МВР продолжуваат со предистражната постапка на Клиниката за онкологија, откако во текот на вчерашниот ден нивни тимови влегоа во болницата и вршеа претреси со цел да обезбедат докази за евентуално сторено кривично дело, откако во јвноста преку новинарски текстови беа изнесени наводи дека дел од лековите наменети за пациентите болни од рак биле препродавани на црниот пазар.
Во вчерашната акција биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење велат од ОЈО од каде дообраснуваат дека претреси се вршеле и на уште две локации односно во два приватни стана во Скопје.
Според Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити вели дека ѝ дава силна поддршка на истрагата на обвинителството и полицијата.
„Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата“, вели министерот Меџити, соопшти МЗ.