Зошто мислите дека караницата меѓу Мицковски и Груевски не е фингирана за јавноста да следи циркуз за наводна коалиција на СДСМ и Груевски за гласање на уставните амандмани“, рече Петре Шилегов во интервју на Канал 5 телевизија.
Според него ВМРО-ДПМНЕ е партија која наместо стратешка води дневна политика и таа лоша политика сака да ја оправда со лоша етикета за СДСМ.
„Зошто мислите дека во овој момент заради начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ води политика, знаете која е политиката на ВМРО-ДПМНЕ стануваш денеска гледаш во анкети што е најпопуларно да зборувам и ти не водиш стратешка политика туку водиш дневна политика. И ВМРО-ДПМНЕ во овој момент како политичка партија е во политички ќорсокак, изолирана од сите политички партии во државата. И сега најверојатно треба определено сценарио коешто ќе сакаме да го залепиме на власта, зошто мислите дека ова не е сценарио на Мицковски, од каде знаете дека нема договор со Никола Груевски, сега да глумиме наводна внатрешна караница во ВМРО-ДПМНЕ за после да излезе Груевски за гласање на уставните амандмани, дали некогаш сте ја размислиле така тезата. И сега последниве три дена јавноста се занимава со наводна коалиција на СДСМ со Груевски за наводните амандмани за почеток на преговорите за полноправно членство. Ја нема таа политичка цена којашто СДСМ може да ја прифати за да на било кој начин Никола Груевски биде наш коалиционен партнер. И тука сме децидни “, рече Шилегов.
Тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да води стратешка политика затоа се служи со манипулации кои ги замајуваат граѓаните од вистинските политики кои ги води СДСМ за уставните измени и интегративниот процес.