Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчерашниот инцидент на Косово го означи како сериозна провокација, која е намерно направена и има однапред одредена агенда. Тој на Фејсбук објави дека смртоносниот напад врз косовската држава и полицијата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.
– Најостро го осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето на други лица на северот на Косово. Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се менаџира со ладнокрвност и мудрост, бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот – објави Ахмети.
Тој нагласи дека овие случувања се неприфатливи и дека е потребна итна координацијата и соработката со меѓународната заедница, за да се гарантира мирот и независноста на Косово.
– Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот пожар кој има за цел проширување и вклучување на земјата и регионот. Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените – напиша Ахмети.