Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска за време на седницата за пратенички прашања зема збор процедурално за да ѝ се обрати на министерката за труд и социјалната политика, Јована Тренчовска, но додека беше на говорница, го обвини вицепремиерот Бојан Маричиќ дека во истиот момент и испратил бакнежи и ѝ намигнувал.
Стојановска од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ побара да излезе на говорница и да го каже тоа што го зборува зад микрофон.
– Како не ви е срам, нека ве снимат камери, вицепремиер за европски прашања, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи, лигав еден, како не ви е срам, мене ќе ми праќате бакнежи. Јас ова не го дозволувам. Ужас, ужас, ова е скандал од невидени размери. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру. Срам и резил сте и вие министерке Тренчовска, партински митинзи тука одржувате – рече Стојановска.
Потпретседателот Горан Мисовски се обиде да ја смири ситуацијата и им порача на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ кои бурно реагираа дека нема потреба од нервоза.