Жените на ВМРО се појаки од сите мажи на СДС, камерите во Собранието снимија сè!

Жените на ВМРО се појаки од сите мажи на СДС заедно. Маричиќ не се рангира во категоријата мажи.
Ова не е политика, ова е лечење на комплекси на пониска вредност, реагира на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки кој заедно со неговите колеги и колешки бара оставка од вицепремиерот Бојан Маричиќ поради недолично однесување кон пратеничката Дафина Стојановска. 

„Собранието има голем број камери кои може да го доловат моментот за којшто реагирав. Она што го направи вицепремиерот, не може ниту еден демант да го избрише“, рече Дафина Стојаноска која претходно обвини дека вицепремиерот Маричиќ и праќал бакнежи и намигнувања.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски даде 15-минути пауза, образложувајќи дека согласно Деловникот за работа има постапка како се бара оставка од претставници на Владата.

„Жалам што премиерот ја напушти салата за да ги види следните реакции на неговиот вицепремиер. Се надевам дека вицепремиерот ќе остсне мирен на своето столче. Сега се присутни сите пратеници зад мене и можеби затоа бледо не гледате. Како не ви е срам, преку медиуми да кажувате дека јас го нарушувам достоинството на ова собрание.

Advertisements

Излезете вие да кажете како беше, а не премиерот да ве правда. Тој не ве виде како намигнувате и како со усните правите гримаси. Срам сте за Владата, за цела држава! Зошто сега не ми испраќате гримаса? Ајде бидете еден од најхрабрите, зошто молчите, трепнете со едно око да видиме колку сте храбар. Дојдете да не погледнете во очи, лесно е да се праќаат деманти. А да имавте малку срам сега не требаше да присуствувате во салата. Трепнете двапати ако сте киднапирани.

Некој вака со вашата сопруга да се однесува да видам како ќе реагирате, дали писмени деманти ќе давате или ќе се соочите. Ова е срам за држава“, рече Стојановска во својот говор и заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ остана на говорницата барајќи оставка од Маричиќ.