Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ го праша Ковачевски: Дали како родител сте спремни да ги амнестирате помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Димитар Ковачевски дали како родител е подготвен да ги амнестира помагателите на убиствата на децата кај Смилковското Езеро со предлог законот за амнестија.

„Во вашиот предложен закон за амнестија господине Ковачевски деликтите како тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка, противправно лишување од слобода, мачење или друго сурово нечовечко или понижувачко постапување, грабнување, малтретирање во вршење на службата, згрозување на сигурноста, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, запуштање и малтретирање на малолетно лице, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето, кражба, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или гас, тешка кражба, измама, бесправно градење, оштетување или повластување на доверители, изнуда, уцена, лихварство, перење пари, фалсификување пари и други преноси од казниво дело, даночно затајување се делата кои ќе бидат амнестирани доколку вашиот закон во Собранието помине“, истакна Стојаноски.

Премиерот Димитар Ковачевски во својот одговор најави амандман на предлог законот.

Advertisements

„Кога законот ќе влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија, одговори Ковачевски.

Адвокатот на Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот Монструм деновиве изјави дека делото за кое се осудени е само „помагање“ во случајот на петкратното убиство, а осудените веќе отслужиле две третини од казната.