Беса нема да гласа за уставните измени – Касами во интервју за Радио Слободна Европа

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата „ од 20 отсто јазикот“ што го зборуваат граѓаните во албански јазик“, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами.

Toj вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ.

За претстојните претседателски избори Касами најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Advertisements

„Досега сме излегле со такви комбинации и претходниот пат имавме заеднички кандидат со Алијанса за Албанците и сега една од нашите договорени работи со сегашната опозицијата е дека на следните претседателски избори ќе трчаме со наш кандидат“, вели Ксами.

На прашање на РСЕ дали е можна соработка со ВМРО-ДПМНЕ, Касами вели дека предизборно нема можност за каква било комбинација со македонска партија бидејќи партијата веќе пробала да оди на такви комбинаторики и испадна, вели Ксами, дека општеството во Македонија не е спремно за такви комбинации.

„За жал, можам да констатирам дека се враќаме на етничките гласови и партиите ќе кандидираат и ќе нели се натпреваруваат во тој етнички кампус за да се оди после во постизборни комбинаторики кој со кого ќе коалицира за владата. Во овој контекст е и прашањето за соработката дали со ВМРО-ДПМНЕ или со друга политичка партија на Македонците, предизборно можам да кажам дека нема можност за такви комбинации.

После избори, ние како опозиција ако ги добиеме изборите кај Албанците, ако добиеме мнозинство албански гласови и пратеници, ќе седнеме да видиме кои се можни комбинаторики и кои од тие партии би ги прифатиле и нашите нели програмски определби за да бидат дел од определбите на идната влада“, вели Касами.