Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска допатува во Струмица во приватна посета кај поранешниот македонски премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Ципрас и Заев кога беа на функциите премиери на Грција и Македонија, го потпишаа Преспанскиот договор. Тие од тогаш се добри пријатели.
Посетата е планирана да биде еднодневна, јави МИА од Атина.
И Заев во Грција приватно се има сретнато со Ципрас, но беше присутен и на Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, каде Заев имаше обраќање пред членовите на партијата.
„Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги пресечеме овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“, изјави Заев за грчката телевизија One chanel неодамна.
Фото: архива, Влада