(Фото) Скадарлија му беше омилена на Тома Здравковиќ – поставен е споменик на легендарниот пејач

Во Белград, на Скадарлија, денеска точно напладне беше откриен споменикот на Тома Здравковиќ, легендарниот српски композитор и пејач на народна музика.

Бистата е изработена во природна големина, а откривањето беше проследено со неговата песна „За Љиљану“. Откривањето на споменикот го организираа Градското собрание на Белград и компанијата „Конект нетворк“ (Connect Network), пишува „Б92“.

Споменикот беше прикажан за првпат, во присуство на мал број посетители, меѓу кои, вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ, како и неговата ќерка. Излеан е во најстарата и најпозната белградска леарница „Јеремиќ“, а според вајарското дело на Катарина Трипковиќ.

Споменикот на српскиот кантавтор, уметник и пејач го открија членовите на неговото семејство заедно со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ и претседателот на СДП Расим Љајиќ.

Тома беше познат како голем боем и ја обожаваше Скадарлија и кафеаните, а сега едно од неговите омилени места ќе го краси неговиот споменик, пренесува Нова.рс.

Advertisements

Во Скадарлија Здравковиќ одржа еден од последните настапи, а споменикот се наоѓа во близина на меаната „Два јелена“ во Скадарска 26.