Власта се фали дека ги зголемила пензиите, а како да се преживее со 12.000 денари?!

Пензионерите имаат демократско право да протестираат, но за линеарно покачување на пензиите повеќе со нив нема да се разговара, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јована Транчевска. Работна група подготвува нова мерка за подобрување на стандардот на пензионерите, но ќе се однесува на оние со најниски пензии.

„Во овие мерки нема линеарно зголемување на пензиите затоа што линеарното зголемување не оди во прилог на пензионерите, на сите пензионери. Со новата методологија само за година и пол, најниската пензија е покачена речиси 3.200 денари, а согласно растот на пензиите и натаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што ни е законско решение, сега во моментот. Ќе имаме мерки кои ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија пензионери“, рече министерката Тренчевска по посетата на градинката „Парк“, клон на „13 Ноември“.

Линеарно покачување на пензиите за справување со скапотијата беше едно од главните барања на пензионерите на протестите изминатиов период, но министерката вели дека за такво нешто повеќе нема да разговараат со нив, а нема да ги спречат да протестираат.

Advertisements

„ Мораме како Влада и како Министерство да водиме сметка и за стабилноста на пензискиот систем. Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери“, рече министерката Тренчевска.

Таа потсети дека од 2017 година работат на намалување на дефицитот на Фондот за пензиско осигурување за да не се наруши неговата стабилност. Од 2017 година кога дефицитот изнесувал 47%, успеале да го намалат на 33% колку што изнесува сега.

Покачувањето на пензијата која беше исплатена вчера од 5,3 % всушност значи реално зголемување од 700-1000 денари за пензионерите кое е далеку од доволно за да се ублажат енормно зголемените цени на производите. Министерката Тренчевска е согласна дека пензиите, особено најниските, не се доволни, но вели дека секоја финансиска поддршка треба внимателно да се креира за да не се наруши стабилност ана пензискиот систем и редовната исплата на пензионерите.

„Не велам дека ниските пензии се доволни меѓутоа со финансиска поддршка без да се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем ќе креираме мерки со кои ќе донесеме повеќе средства на трансакциските сметки на пензионерите, особено на оние со ниски пензии.