Силен отров метомил, познат меѓу народот како ланате е причина за труењето на три лица, од кои едно почина. Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, која сега е во кома, кобниот ден правела пита во летната кујна.
Истрагата ќе покаже како завршил отровот во домашната пита со праз. Подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера почина снаата, а нејзиното тело е дадено на обдукција. Бабата е хоспитализирана на КАРИЛ, синот е во стабилна состојба.
„ На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител, велат од полицијата.
Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2023 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е добиено известување дека едно од лицата починало и телото е дадено за обдукција, додаваат од МВР.
Три лица биле хоспитализирани, но медиумите јавуваат дека жената денес починала додека еден од хоспитализираните сѐ уште во кома на КАРИЛ.
Според информациите кој роднини им ги кажале на медиумите питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Познат и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава.