(ВИДЕО) Двајца повредени во инцидентот во „Ист гејт“, на фотографијата е мажот кој го извршил нападот

На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан во кој беа ранети две лица во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, а по кое трага полицијата, велат од МВР.

„Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, информира МВР.

Како што јави ТВ 24 , мета на нападот бил Раде Трајковски-Штекли-лице кое има криминално досие и пред две години беше екстрадиран од Србија и за кој имало потерница. Истиот маж бил мета и на нападот пред два месеци на иста локација-во Ист гејт.

Advertisements

Според менанџментот на Ист гејт се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар.

– Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите. – велат од Трговски центар Ист гејт

Порталот Курир објави ексклузивно видео од денешното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“, каде што повредени се две лица.

На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од вежбалница и се упатуваат кон најблискиот излез и скали, со намера да се симнат од ниво „минус еден“ на ниво „минус два“ во подземните гаражи на трговскиот центар.

Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив со пиштол и бега.