Барикадите кои вчера беа поставени на северот на Косово се уште се на премините, а претседателот на Србија Александар Вучиќ свика итен состанок на Советот за национална безбедност поради сомневање дека косовскиот премиер Аљбин Курти, ќе испрати вооружени членови на РОСУ на северот на Косово.
Обраќањето на Вучиќ е најавено и за 19 часот и 30 минути, кога ќе ги соопшти последните одлуки за актуелната состојба во јужната покраина Србија, јавуваат српските медиуми.
Претходно, припадниците на специјалната единица Роса, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднале во објектот на големата брана на езерото Газивода, дознава Б92.нет.
Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, јави РТС.
„Припадниците на специјалните единици РОСА, целосно вооружени со долги цевки и со оклопни возила, упаднале во објектот на големата брана на езерото Газиводе, таму затекнале чувар кој го мери нивото на водата, го избркале од објектот и ги искинале српските знамиња“, пишуваат српските медиуми.