Хакерски напад на американските министерства за одбрана и правда

Хакери добиле пристап до адресите на електронската пошта на околу 632.000 федерални службеници во американските министерства за одбрана и правда, јави синоќа агенцијата Блумберг повикувајќи се на Управата за кадри на САД.

Според достапните информации, кибер нападот се случил на 28 и 29 мај, а за него е осомничена хакерската група Clop наводно поврзана со Русија. Според извештајот, со упадот злосторниците можеле да добијат пристап до податоците со употреба на програмата за трансфер на фајлови MOVEit.

Федерални службеници за кибер криминал претходно потврдија дека владини агенции биле компромитирани од нападот, но не споделија доволно за големината на нападот, ниту пак ги именуваа агенциите кои биле нападнати.

Advertisements

Блумберг доби пристап до овие информации по барање согласно Законот за слобода на информациите.

Агенцијата дознава дека оваа хакерска група досега нападнала околу 2.500 приватни компании и државни организации во САД.