ДС: Рамадани да се извини, клеветнички го нападна новинарот, манифестираше говор на омраза

Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на Канал 5 со кој, како што вели партијата, неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот.

„Исмет Рамадани во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа“, се вели во реакцијата на партијата.

Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на КАНАЛ 5, како и на јавноста.

Advertisements

„Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси“, вели Демократскиот сојуз.