(ВИДЕО) Милошоски открива нов скандал на власта: Службенички во банка и во МЕПСО ќе одлучуваат за жалбите на граѓаните!

Ивана Шапкар од Охрид и Весна Илиева Лубуриќ кои владејачкото мнозинство ги предложило за членови во Второстепената комисија за управна постапка како што обелодени пратеникот Антонио Милошоски не ги исполнуваат законските услови затоа што за Комисијата која треба да одлучува по жалбите на граѓаните од работен однос се бара 4 години искуство во управни работи, а предложените кандидатки немаат никаква допирна точка со таа област.

Милошоски вели дека охриѓанката Ивана Шапкар работела во Стопанска банка АД Битола, која секако не е јавен државен управен орган или инситуција за да Шапкар има искуство од управни работи и за да може да биде член на Второстепената комисија.

„Ова е незаконито, не може човек што работел во банка да има искуство од управни работи, ова е основ за разрешување. И не само тоа, ова е основ за жалба и за поништување на решение на комисијата“, вели Милошоски.

Advertisements

Ист е случајот и со уште една предложена кандидатка Весна Илиева Лубуриќ која работело во АД МЕПСО и која, како што наведува Милошоски не ги исполнува законските услови за да одлучува по жалбите на граѓаните. А, ако овие две кандидатки бидат избрани, тогаш се отвора простор да бидат поништени и решенијата што ќе ги донесе Второстепената комисија токму по основ на тоа што во донесувањето на нивните одлуки учествувале членови кои се незаконски избрни.

Погледнете го образложението што го даде пратеникот Милошоски во Собранието во врска со овој нов скандал на власта: