„Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот…“, напиша Калиопи по трагедијата што се случи на концертот во Белград вчера кога жена од Македонија починала пред да почне настапот на пејачката.
Брзата помош итно реагирала и 45 минути се обидувала да ја реанимираат жената, но за жал таа починала.Пејачката е скршена од болка.
Како што пренесуваат медиумите, госпоѓата имала околу 70 години и на концертот била дојдена со ќерката и пријателка.
„Во свое име и во име на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на починатото лице. Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот термин ќе биде наскоро објавен“, напиша Калиопи на Инстаграм.
Се огласија и организаторите на концертот на Калиопи кои преку јавно соопштение накратко информираа дека концертот е одложен, а новиот датум дополнително ќе биде објавен.