Нема да не пуштат во ЕУ и бугарскиот претседател да го ставиме за наш претседател – Стевчо Јакимовски

Ние мораме да ја зајакнеме економијата, а не гледаме конкретни и реални реформи тука. Само платите нереално се зголемуваат, вели градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој во емисијата Студио 10 на ТВ 24 се осврна и на изјавата на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен дека, Украина се приближува кон ЕУ, а тоа е земја која е во војна, каде нема демократија, се апсат опозиционери, а нам ни држат лекции дека нефункционален ни е системот.

„Очигледно е дека тоа е политичка одлука и Балканот да се држи под лед поради француско-германскиот тивок судир“, вели Јакимовски кој потенцира дека проблемот со нас е што ни го подметнуваат наметнатото решение со Бугарија.

Advertisements

„Ние и бугарскиот претседател да го ставиме за наш претседател пак нема да не пуштат во ЕУ“, вели Јакимовски и додава дека и денеска Македонија е подобра држава од Бугарија.

Тој смета дека критички треба да гледаме на притисоците од ЕУ, а ако власта мора да молчи не мораме сите да молчиме.

Кога станува збор за Никола Груевски и неговото враќање, Јакимовски вели дека треба да се запрашаме зошто народот сака да се врати и се појавува како најпопуларен политичар на анкетите.

„Сето тоа значи дека ние не сме направиле ништо да им излеземе во пресрет на граѓаните по времето на Никола Груевски“, вели Јакимовски.

Тој вели дека владата на Никола Груевски има направено и добри работи во поглед на економијата и инвестициите, а како и сите секако дека правел и грешки.