(ФОТО) Добрососедство и без параф со Бугарија: Вељаноски е првиот и единствен македонски спикер што говорел пред бугарските пратеници

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на социјалните мрежи објави фотографии кои сведочат дека Македонија пред да го потпише Договорот за добрососедство имаше многу подобри односи со Бугарија.

Вељаноски не потсети на 2009 година кога прв и единствен пат македонски политичар,  претседател на Собранието имал говор во бугарскиот парламент.

„Во контекст на актуелните македонско-бугарски односи ценам дека треба да се напомене дека во март 2009 -та, прв и единствен пат од АСНОМ-ска Македонија до денес, претседател на македонското Собрание се обратил во Народното Собрание на Бугарија.
Во таа прилика од бугарските пратеници побарав да го искористиме моментот, оти од историја не се живее. Претходно и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Ѓорѓи Пирински во говорот во македонското Собрание, март 2008та порача дека треба да се прекине со стереотипите од минатото. Ова беше период на многу добри билатерални односи. Во таа смисла, за се има ден па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување, а во корист на двете држави и двата народи“, пишува Вељаноски на Фејсбук.

Advertisements