Пензионерите кои подолго време бараат линеарно зголемување на пензиите денеска протестираа пред американската амбасада, а потоа се упатија кон Владата каде ќе го продолжат протестот.
Тие ѝ порачаа на власта дека ако може да има 78 отсто зголемување на платите на функционерите, така може да има и линеарно покачување и за пензионерите.
Тие се револтирани затоа што власта не сака да ги слушне нивните барања за линерано зголемување на пензиитe.
Линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари и минимална пензија од 18.000 денари, како и промена на методологијата за покачување на пензиите, се главните барања кои пензионерите денеска на нов масовен протест ги искажаа пред Владата.
Пензионерите имаат уште едно барање – оние што се постари од 64 години и пензионерките постари од 62 години да имаат бесплатно лекување.
Вчера, пак, прилепските пензионери кои протестираа во нивниот град побараа поддршка и од шефот на државата Стево Пендаровски и од сите поранешни претседатели.