Сеќавање на Мерима Његомир – имаше глас како свила, нејзината ќерка нè растажи сите со трогателна порака

Пејачката со глас како свила Мерима Његомир денеска ќе го прославеше својот 70-ти роденден, но прерано замина по тешка битка со злокобната болест.

Таа беше погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград, каде од неа се простија многу пријатели и членови на семејството.

Мерима, една од најпопуларните пејачки на изворни песни, жена со неповторлив глас почина на 20 ноември 2021 година од тешка болест – рак на панкреасот.

Advertisements

На денот на нејзиниот роденден, денеска се огласи нејзината ќерка која потсети на својата непрежалена мајка, но ја потресе јавноста со уште една трагична вест во нивното семејство.

„Денеска е 9 ноември. Денес е роденден на мајка ми. Денеска би правеле голема забава. Таа денеска ќе наполнеше 70 години. Бескрајно, мајчице моја. Денеска ја погребавме тетка ми Милица, сопругата на вујко ми, братот на мајка ми. Велат сето тоа е дел од животот“, напиша Љубица на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica Njegomir (@ljubicanjegomir)

 

„Последните два месеци бевме со мајка ни, ние четирите деца. Тоа ѝ значеше многу, а и нам. Беше голема чест и привилегија да ја имаме Мерима за мајка, таа беше наш столб и потпора цел живот. Таа отсекогаш била центарот на нашето семејство. Немаше последна желба бидејќи никогаш не зборувавме за крајот… Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо. Се бореше и никогаш не сакаше да зборува за крајот“, рече ќерката на Мерима Његомир по нејзината смрт.

Мерима беше пејачка со неповторлив глас, обожавана на просторите на цела бивша Југославија. Таа во текот на својата кариера сними повеќе од 25 албуми и испеа некои од безвременските хитови како „Иванови корита“, „Ружо моја“, „Због тебе“ и многу други.

Мерима Његомир беше добитничка на голем број награди, меѓу кои можеби најважна е наградата Вук за придонес во српската култура, како и наградата на РТС Златен микрофон, Повелбата на Здружението на џез, поп и рок музичари, специјалната награда на Радио Белград за придонес во зачувувањето на традиционалната народна музика, наградата Царица Теодора во 2002 година и други.