(ВИДЕО) Милошоски за политичките далтонисти во власта – Маричиќ и Османи ги потценија и граѓаните и ЕУ

Пратеникот Антонио Милошоски вечерва гостуваше на ТВ Алсат каде во опсежна анализа на последниот и најлош извештај на Европската комисија за (не) напредокот на Македонија одговори и на обвинувањата на власта дека опозицијата била виновнта затоа што Брисел констатира сериозни забелешки во судството, владеењето на правото, борбата со корупцијата, злоупотребата на европското знаменце…

„Политички далтонизам се изјавите на власта дека опозицијата е виновна за најлошиот извештај од ЕУ“, вели Милошоски кој ги повика вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот Бујар Османи да размислат која е нивната одговорност за овој најлош извештај досега.

Според Милошоски, Маричиќ и Османи со својот политички далтонизам и барањето вина кај опозицијата за критиките на Брисел ги потценуваат и граѓаните на Македонија и претставниците на ЕУ затоа што не ги уважуваат нивните критики.

Advertisements

„Седум години ги имаат сите механизми на власта, нивни луѓе во РСС, нивни луѓе на чело на Обвинителството, да имате претседател на Собранието, претседател на државата, а да не ги препознаете критиките од ЕУ дека нема напредок во борбата против корупцијата, тоа значи дека ги потценувате граѓаните на Македонија, а со таквите изјави ја потценуваат и ЕУ бидејќи не им ги уважувате нивните критики“, вели Милошоски.

Еве што вели понатаму пратеникот Милошоски во студиото на Тв Алсат: