Во пожар во Требеништа згасна еден живот, двајца се повредени

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид извести дека во раните утрински часови интервенирала на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.


При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Advertisements