Незаборавен концерт во чест на стогодишнината од раѓањето на легендарната македонска пејачка Васка Илиева се одржа синоќа во Скопје во Домот на АРМ.
На овој преубав музички настан во Домот на АРМ, а во организација на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ присуствуваше и Душка Бангиева, внуката на неповторливата Васка Илиева.
Кога на сцената Сузана Спасовска ја запеа „Земјо македонска“ публиката стана на нозе и во еден глас ја пееше своевидната македонска химна.
Видео снимка од овој исклучителен настан на својата фејсбук страница сподели и претседателот Стево Пендаровски кој го следеше овој концерт.