Брачна двојка од Македонија евакуирана од Газа, тие сега се на безбедно и наскоро се враќаат дома

Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и.Бујар Османи.

„Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома. Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани“, вели Османи.

Фото: Pixabay

Advertisements