Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека од следната година, според законската пресметка, минималната плата ќе се зголеми.
„Најниската плата во земјава од март 2024 година минимум 22.500 денари! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“, информира Бектеши на социјалните мрежи.
Претходно и вицепремиерот Фатмир Битиќи најави дека минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
Минималната плата сега изнесува 20.175 денари.