„Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“ – новинарите на протест против пресудата за ИРЛ

Под мотото „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) утре во 11 часот организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје на кој ќе го искажат револтот од пресудата против новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

„Време е гласно да кажеме дека правото на граѓаните е пред правото на моќниците – судот нема право да одредува кој смее, а кон не смее да работи како новинар“, стои во повикот за протест.

Овој протест доаѓа по одлуката на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

Advertisements

Новинарските здруженија реагираа дека оваа пресуда може да направи опасен судски преседан кој штети на независноста на новинарството, бидејќи го спори фактот дека граѓански здруженија можат да бидат медиуми во Македонија и го доведува во прашање нивното постоење.

„Ваквите квалификации во пресудата со заклучок дека ИРЛ воопшто не смеела да го објави истражувањето претставува тежок преседан и удар на слободата на изразување и слободата на медиумите и води кон потенцијална цензура. Уште повеќе загрижува и повикот на судијката до државните институции да го преиспитуваат работењето на граѓанските организации кои објавуваат новинарски содржини, па дури и камуфлирано предлага нивно затворање, што е својствено за авторитарни и диктаторски режими кои се пресметуваат со оние кои откриваат важни теми од јавен интерес“, реагираа од ССНМ