Тажен ден за историјата: Се запали единствената останата лабораторија на Никола Тесла

Пожар го зафати научниот центар на Тесла во Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк, соопшти американската полиција.

Пожарот избувнал во Научниот центар Тесла на Рандал Роуд во Шорехам нешто пред 17 часот во вторникот, пренесува News12.

Тесла живеел во Шорехам околу три години и направил револуционерни откритија во областа на електричната енергија и безжичната технологија.

Advertisements

Еден пожарникар е повреден и хоспитализиран при гаснење на пожарот, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека се уште не е познат степенот на штетата.