Хамас денеска ослободи 13 израелски и 12 државјани на Тајланд. Весникот Тајмс оф Израел потсетува дека Хамас киднапираше повеќе од 240 луѓе во текот на нападот на 7.октомври и ги однесе во Појасот Газа.
Групата од 13 израелски заложници, која е сочинета од жени и деца, е ослободена во замена за 39 палестински затвореници кои беа затворени во Израел.
Тајланд објави дека Хамас ослободил и 12 државјани на оваа држава.
Тоа го потврди премиерот на Тајланд Срета Тависин. Бангкок соопшти дека 26 нивни државјани беа грабнати од Хамас и однесени во Појасот Газа.
Четиридневното примирје меѓу Хамас и Израел, со цел да овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила во петокот во 7 часот по локално време.