Максимално посветено ќе постапуваме за се што Јавното Обвинителство ќе побара од нас за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Во двата случаи се почнати и водени истраги според сите стандардни оперативни процедури од моментот на пријавата, па се до целосно расчистување, изјави министерот Оливер Спасовски во интервју за „Утрински брифинг“ во Слободен печат.
Тој откри дека Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за двете убиства за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо кој е во 40 дневен екстрадициски притвор во Турција.
„Морам да кажам дека полицијата ефикасно, многу брзо и посветено работеше на целиот овој случај. Сите што беа вклучени во истрагата од самиот почеток па до ден денеска, ја водат истата без штедење со цел да се разоткрие случајот и да се дознае вистината“, рече Спасовски.

