Да се забрани сурогат мајчинството повикува папата Франциск

Папата Франциск повика на глобална забрана за родителство преку сурогат мајчинство, нарекувајќи ја оваа практика „жалосна“ и сериозно нарушување на достоинството на жените и децата, пренесува Ројтерс.

Забелешките на папата веројатно ќе предизвикаат противење во ЛГБТ+ заедницата и групите кои ја поддржуваат, имајќи предвид дека сурогат мајчинството често го користат партнерите хомосексуалци или лезбејки кои сакаат да имаат деца, наведува агенцијата.

Неговите последни изјави доаѓаат откако тој неодамна одлучи дека свештениците можат да благословуваат истополови парови.

Advertisements

„Сметам дека практиката на т.н сурогат мајчинството, што претставува сериозно нарушување на достоинството на жената и детето, се заснова на искористување на ситуацијата на материјалните потреби на мајката“, рече папата во 45-минутното обраќање пред дипломатите акредитирани во Ватикан, што понекогаш се нарекува негов говор за состојбата во светот.

„Следствено, ја изразувам мојата надеж дека меѓународната заедница ќе се обиде универзално да ја забрани оваа практика“, додаде поглаварот на Римокатоличката црква.