МВР: Лажна пријава за поставена бомба во Народна банка

Министерството за внатрешни работи информира дека имало лажна пријава за поставена бомба во зградата на Народна банка во Скопје.

„Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен. Денеска по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, извести МВР.